×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младинските организации ја презентираа својата работа

    26.03.2015 11:51 | KumanovoNews

    Петнаесет младински организации од регионот, денеска ја презентираа својата работа во рамки на “Отворен ден со младински организации“ во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

    Младинските организации ја презентираа својата работа

    Целта на организаторите, Центарот за меѓукултурен дијалог и Национален младински совет е да ги поттикнат младите да ја запознаат работата на невладиниот сектор и да се активираат во некоја од организациите. Во рамките на оваа манифестација, невладините од североисточниот регион ќе стапат во контакт со колегите, со што ќе се отворат можности за соработка.

    “За прв пат се одржува “Отворен ден на младински организации“ во североисточниот регион, бидејќи за прв пат и самиот Национален младински совет почна да функционира од пред две  години и веќе воспостави контакт точки. За овој регион, ние сме контакт точка и наша задача е да дадеме контакт, да кажеме што тој нуди. Преку ЦИД ние секојдневно сме во контакт со многу млади луѓе. Има присутни организации од Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково. Овие настани не се нешто ново, но се нешто многу важно и младите можат да сфатат како функционира граѓанското општество“ - изјави Стефан Маневски од ЦИД.

    Од невладината ДРОМ објаснуваат дека засега имаат двајца волонтери, но се отворени да соработуваат со млади луѓе кои сакаат да се активираат во невладиниот сектор и да помогнат на заедницата.

    “Тоа е клуч за успех во нашата работа. Волонтери секогаш се потребни, а нашата организација е непрофитна и значи пат на младите кон развој и успех. Се собравме тука и имаме приложени материјали за еманципација и здравствена заштита. Ги повикуваме сите млади кои се заинтересирани да дојдат, како и луѓе кои имаат потреба од здравствена заштита, за да им помогнеме“ - рече Емилија Илиевска, волонтер во ДРОМ.

    Црвениот Крст ја презентираше својата работа на локално и на национално ниво пред присутните.

     “Волонтери секогаш се добредојдени, без разлика дали во моментот се потребни или не. Ги презентираме нашите активности, нашите полиња каде што дејствуваме“ - рече Раде Ристиќ, лидер на млади во Црвен Крст.

    Младите кои дојдоа на “Отворен ден со младински организации“ добија флаери и брошури од организациите.