×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите кумановци дискутираа за балканската историја

    08.11.2014 14:47 | KumanovoNews

    “Балканската опседнатост со историјата и што да правиме со неа“, беше темата на која дискутираа повеќе млади кумановци, со цел да дознаат како историјата влијае на народите кои живеат на овие простори.

    Младите кумановци дискутираа за балканската историја

    Трибината ја организираа двајца млади луѓе - амбасадори за помирување, од Куманово и Скопје, кои претходно учествуваа на семинар во Белград. Младите велат дека многу често на Балканот соседите ја присвојуваат туѓата историја и тоа создава меѓунационален раздор.

    Развивме една квалитетна дебата, со аргументи зошто не треба длабоко да навлегуваме, да се повикуваме на постарата историја. Тоа треба да го знаеме и да не го менуваме за политички цели со цел виктимизација на луѓето. Да не чувствуваат дека тие се денеска жртви. Политичарите ја менуваат историјата, ја прилогодуваат на сегашноста за нивни интереси, најчесто за да останат на власт. Останатите луѓе на кои тоа им е наметнато се раскарани помеѓу себе - вели Сања Богатиновска, амбасадор за помирување од Куманово.

     Нејзиниот колега Кристијан Фиданоски од Скопје, вели дека во образованието треба да се внимава како се интерпретира историјата.