Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младинските невладини организации се повеќе ги користат програмите на ЕУ за да испратат свои членови на семинари и дообразување во странство.
Европските програми овозможуваат младите на возраст од 18 до 30 години да престојуваат во странство од неколку месеци до една година со покриени трошоци за живот. Искуството покажува дека најголем интерес кај малдите има за посте и престој има во Велика Британија, а потоа следуваат земјите како Шпанија, Холандија, Италија.
Обично младите сакаат да одат во Велика Британија, но за таму потребна е виза и е посложено. Ги сакаат земјите каде има море, има интерес и за земјите од Балканот. Секој месец имаме по 2 до 3 повика за да пратиме волонтер. Таму младите може да работат на решавање на некој проблем, да се едуцираат на некоја тема, да следат тренинг - вели Викторија Маневска, координатор за ИВС програми во Центар за меѓукултурен дијалог.
Во одредени случаеви и повозрасните граѓани може да се вклучат во европските програми. Елизабета Цветковска, координатор на ЕУ Инфо Точка при Општина Куманово објаснува дека програмите на ЕУ нудат размени, волонтирање и докторски студи.
Има преку 20 различни програми, но сите не се достапни за Македонија. Ако сака државата да учествува во нив мора да се плати влезен билет. Во програмите на Европски волонтерски сервис најчесто се вклучуваат млади од 16 или 18 години, па се до 25 години - објаснува Цветковска.
Едни од најпопуларните се есразмус програмите, програмите за средни стручни училишта Леонардо Да Винчи, Комениус за основно и средно гимназиско образование, Грундтвиг за образование на возрасни и други.