×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ММ Софтвер Консалтинг од Куманово стана дел од успешната американска компанија APPS RUN THE WORLD

    18.09.2023 13:41 | KumanovoNews

    ИТ стартап компанијата ММ Софтвер Консалтинг од Куманово успешно премина во рацете на APPS RUN THE WORLD, глобалната компанија за истражување и анализа на ИТ пазарот. Со оваа стратегиска аквизиција, APPS RUN THE WORLD го зајакнува своето присуство во Европа и воедно ја утврдува својата глобална водечка позиција.

    ММ Софтвер Консалтинг од Куманово стана дел од  успешната американска компанија APPS RUN THE WORLD

    ММ Софтвер Консалтинг чија примарна дејност е процесирањето и обработка на ИТ податоци донесе стратегиска одлука да се придружи на тимот на APPS RUN THE WORLD, чија ескпертиза е истражување и анализа на ИТ пазарот, и чие седиште е во Сан Франциско, Америка. 

    „Одлуката на ММ Софтвер да се спои со APPS RUN THE WORLD доаѓа како резултат на желбата за глобално ширење, брз раст, силен симбиозен спој, унапредување на бизнис процесите како и можноста за проширување на тимот од 35 на 100 вработени во следниве 2 до 5 години, што би имало значаен придонес кон локалниот економски раст, креирање на работни места примамливи за новите генерации, како и создавање на активна локална ИТ заедница” вели Мишо Марковски, основачот и извршниот директор на ММ Софтвер Консалтинг. 

    “Со ова спојувањето, тимот на ММ Софтвер добива можност да работи и експериментира со најновите технолочки достигнувања како што се Artificial Intelligence (AI), Machine Learning (ML), Internet of Things (IoT), Software as a Service (SaaS), како и Natural Language Processing (NLP) со OpenAI/ChatGPT. Дополнително, тимот ќе добива менторство од искусни лидери и експерти во ИТ индустријата, што придонесува непроценлива вредност и знаење, директно пренесено од Силиконската долина - еден од глобалните иновативни хабови за ИТ истражување и развој“, додаде Марковски.

    APPS RUN THE WORLD секојдневно соработува со најголемите играчи во областа на информатичката технологијата и софтверската индустрија, вклучувајќи ги Oracle, SAP, Microsoft, Google, AWS, Workday, Semos Cloud, помагајќи им да идентификуваат илјадници потенцијални проспекти кои имаат голема веројатност да ги заменат старите и нефункционални системи со најсовремени Cloud апликации.

    “Оваа аквизиција ја засилува нашата глобална експанзија, значително го зголемува нашиот истражувачки тим со нови ИТ аналисти и ги забрзува нашите дигитални и технолошки иновации. Засилени од талентираниот и ентузијастичен тим на ММ Софтвер, конечно сме подготвени да креираме нова ера и  да создадеме нова димензија во истражување и анализа на ИТ маркетот", изјави Алберт Панг, генералниот директор на APPS RUN THE WORLD.

    „Тимот од Куманово ќе работи на сите постоечки проекти, и ќе биде задолжен за истражување на ИТ пазарот, детектирање на купувачките навики, подготвување на детални извештаи и анализи за потребите на клиентите. Обединувањето на ММ Софтвер и APPS RUN THE WORLD претставува значаен чекор во развојот на ИТ заедницата во Куманово и пошироко. Целта на нашата компанија е да креираме центар за истражување и развој во Куманово, со стандарди и можности какви што до сега беа достапни само во Америка и Западна Европа," додава Панг.

    Аквизицијата на ММ Софтвер од страна на APPS RUN THE WORLD означува нов почеток во развојот на ИТ индустријата во Куманово.

    Преку инвестирање во ИТ иновации, развој на Next-Gen таленти и создавање на нови работни места, оваа аквизиција има потенцијал да го трансформира локалниот ИТ пејзаж и да создаде силна и динамична ИТ заедница, поставувајќи го Куманово на македонската ИТ мапа.

    Останува да се види каков ќе биде исходот на оваа приказна, но јасно е дека ИТ индустријата во Куманово добива нова енергија.

    (ПР текст)