×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Мојата прва приказна“- креативна литературна работилница во Центарот за култура во Куманово

    17.07.2024 14:32 | Оливера Пешевска

    Работилница за креативно пишување „Мојата прва приказна“ ќе се одржи утре /четврток/ со почеток во 17 часот во малата сала на Центарот за култура во Куманово.

    „Мојата прва приказна“- креативна литературна работилница во Центарот за култура во Куманово

    Работилницата е наменета за деца од училишна возраст, а на неа ќе се разговара за конкретни примери на одбирање на тема, започнување на приказна и раскажувачки техники.

    Настанот е самостоен проект на Центарот за култура на кој ќе се обработуваат основите за пишување на приказна.

    „На работилницата со децата ќе работи Јулијана Величковска, писателка на книги за деца која ќе има даде насоки за техниките на пишување, како да се искористи креативниот бран и сите замки на творењето за поширока публика. Знам дека ќе биде динамично и занимливо, па очекуваме ученици од повисоките одделенија на основните училишта“, објасни директорот Сашо Тодоровски.

    Досега се организирани неколку креативни работилници за деца, претежно ликовни кои наидуваат на одличен одѕив кај граѓаните. Одговорните се надеваат дека така ќе биде и на книжевната работилница и дека на децата кои моментално се дома им нудат примамлив начин да поминат интересно летно попладне.