Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ељрон Х. (27) од Албанија вчера се удавил во езерото Глажња во селото Думановце, Липковско.
Немилиот настан се случил околу пладне кога Ељрон, кој бил на гости кај својот пријател Ќ.Е.(25) се шетале по патот покрај езерото и одлучило да се разлади. На другарот му ги дал личните документи и облеката и само што влегол во водата почнал да пропаѓа и да бара помош. Ќ.А. не можел да му помогне бидејќи не знаел да плива и момчето се удавило.
Вчера околу 16 часот, телото на Ељрон било извадено од езерото од нуркачите на Единицата за посебни задачи на МВР, а увид на лице местро извршиле полициско-судски екипи. Телото на починатиот е предадено на обдукција.