Момчиња од Ваксинце нападнале и ограбиле таксист
29.04.2013 15:06
| KumanovoNews
Тројца тинејџери од село Ваксинце нападнале и ограбиле таксист во селото Лојане.

Љ.Р.(16), Р.С.(16) и А.Б.(15) пред десетина дена се качиле во такси возило “голф“ кај хотел Кристал. Побарале таксистот А.И.(33) од Куманово да ги превезе до Лојане, а кога стигнале таму Љ.Р. го фатил таксистот за врат и со електрошок направа му нанел повреди. Другите две момчиња од џебовите на таксистот и од возилото одзеле 1750 денари.
Истражен судија на сторителите им одреди мерка притвор од 30 дена, и тие ќе одговараат за “разбојништво“.