×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Монодрамата „Дневникот на лудиот“ во Театар Куманово

    28.07.2020 07:23 | KumanovoNews

    Во дворот на Театар Куманово вечерва во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Дневникот на лудиот“, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на актерот Бобан Алексоски.

    Монодрамата „Дневникот на лудиот“ во Театар Куманово

    Претставата е работена според текстот на рускиот писател Николај Гогољ, од 1835 година.

    Директорот на Центарот за култура, Сашо Тодоровски, вели дека оваа монодрама вреди да се погледне затоа што целта и` е да не` разбуди од сонот, од кој сите сме заслепени во секојдневието, преку интерактивен пристап во кој и публиката има можност да даде свое мислење.

    „Сметам дека оваа монодрама треба да се погледне затоа што освен што е направена на современ начин, сепак е интерактивна и поставува суштински прашања, кои не` засегаат сите нас. Главниот лик во претставата е пациент којшто избегал од психијатриската установа и собира луѓе од улицата од кои бара да му потврдат дека со него е се` во ред. Тој е човек кој го мачат основните работи: љубовта, почитта од општеството, работата, но сепак завршува во таква институција. На овој начин публиката, во текот на дејствието на претставата, има можност да ги погледне проблемите со кои се соочува одблизу и тие да дадат свое мислење зошто е тоа така“, додава Тодоровски.

    Влезот ќе биде слободен, а согласно протоколите за заштита од коронавирусот, бројот ќе биде ограничен од 30 до 35 посетители, кои задолжиелно ќе треба да носат маска.

    „Дневникот на лудиот“ досега има учествувано на четири театарски фестивали, Интернационалниот театарски фестивал на монодрама во Битола, МТФ Војдан Чернодрински Прилеп, на ИТФ „Лица без Маски“. Оваа година претставата освои награда за најдобар актер на фестивалот за Бобан Алексоски, на ИТФ БАТИФ Тирана, Албанија во 2017 година монодрамата освои две награди, за најдобар актер и најдобра режија на фестивалот за Алексоски и Ризески.

    (Ф.Марковска)