×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Монодрамата „Надежда Петровиќ“ во Центарот за култура во Куманово

    05.07.2024 11:00 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Надежда Петровиќ“  од актерката Биљана Ѓурковиќ, од Белград.

    Монодрамата „Надежда Петровиќ“ во Центарот за култура во Куманово

    Претставата е во режија на Божидар Ѓуровиќ, сценограф и костимограф е Марина Вукасовиќ - Меденица, додека композитор е Светислав Божиќ.

    Надежда Петровиќ е српска сликарка, која во Првата светска војна станала болничарка додека владела епидемија на тифус. Монодрамата го опфаќа периодот од нејзиниот престој  во болницата во Ваљево во последните денови нејзиниот живот. 

    „Размислував често за силата на таа жена која во одморот помеѓу две битки и негувањето на ранетите, ја земала четката во рацете и со широки потези ги отргнувала мислите низ кои поминувала војската, ама изработувала и портрети на војниците, трудејќи се на тој начин да ги охрабри и да им подари морал“, вели актерката Ѓурковиќ.

    Настанот го организира СКЦ Спона, влезот е слободен.