Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Многу уметници, млади луѓе, аматери поминале низ оваа културна институција, оставиле свој печат и придонес и ја претставиле својата уметност пред кумановската публика.
Во годината на јубилејот успеавме, со поддршка на Министерството за култура, сите документирани записи да ги сублимираме во монографско дело, кое ја презентира нашата култура, истакна директорот на Центарот за култура од Куманово, Сашо Тодоровски, на свеченоста по повод 40-годишното постоење на институцијата.
Директорот им се заблагодари на вработените и на соработниците, кои со својата работа дале придонес и помогнале да се издаде монографија што ќе сведочи за почетоците, но и растот и растежот на најзначајната културна институција во градот.
„Посебно сакам да им се заблагодарам на културно уметничките друштва и на соработниците кои останаа со нас и овде функционираат 20-30 години. Пред се на Фолклорното друштво „Срма“ и Танцовите клубови „Динамик“ и „Мак денс“ кои се со нас од самите почетоци и се уште се тука, истакна Тодоровски.
Роберт Цветковски, стручен соработник, посочи дека кумановци имале свест за културата уште кога ја создавале институцијата што фасцинирала со својата архитектура.
„Тие ни оставија завет дека мора да го чуваме Центарот за култура и да го развиваме. Во минатиот период имаше недостиг на стручен кадар, можеби ќе
треба да ги прошириме капацитетите со нов простор, но сепак денес сме институција која е екипирана и може да одговори на најсериозните предизвици.
Веќе е препознатлива и значајна институција не само во Куманово, туку и во државата, вели Цветковски.
Соработниците од Танцовиот клуб посочија дека тие се нераскинливо поврзани со институцијата и заеднички создаваат успеси.
„Зад нас се многу заеднички проекти, работилници, семинари, кои биле извор на творечки остварувања и успеси во државата и во светот. Низ оваа
институција поминале многу генерации од кои некои се потврдени имиња, познати актери, музичари, професори. Секој од нив има своја приказна,
историја, поврзана со Центарот за култура“, велат од танцовиот клуб.
Директрот Тодоровски рече дека се прават напори и за воведување на греење на гас во оваа културна институција.