Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонија се наоѓа во еден од позначајните моменти во процесот на евроинтеграција, а тоа е поводот за средба и конструктивна дебата со граѓаните, велат од „Граѓани за европска Македонија“ .
Иницијативата „Граѓани за европска Македонија“ вечерва организира трибина на тема „Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис?„ Трибина ќе се одржи во просториите на Советот на Општина Куманово во зграда на поранешен Комитет, со почеток во 18 часот.
Иницијаторите Владимир Милчин, Бранко Героски, Никола Гелевски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали и Жарко Трајаноски и членовите на ГЕМ ќе продискутираат со граѓаните на тема Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис? Македонија се наоѓа во еден од позначајните моменти во процесот на евроинтеграција, а тоа е поводот за средба и конструктивна дебата со граѓаните-се вели во соопштението на ГЕМ.