Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец скршил глава на свој сограѓанин поради нерасчистени имотно-правни односи.
Инцидентот се сличил вчера околу 17 часот, на ул.„Мирче Ацев“, во двор на семејната куќа на напаѓачот Д.Ф.(51). Кога К.Н.(62) од Куманово дошол кај него, домаќинот физички го нападнал со метална шипка. Прво го удрил во пределот на главата и откако овој паднал на земја, продолжил да го удира со раце и дрво во пределот на главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди. К.Н. е пренесен во Кумановската болница, додека сторителот е приведен во СВР Куманово.
Против напаѓачот по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.