Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шефот на мисијата на Уницеф Шелдон Јет и градоначалникот Зоран Дамјановски денеска го отворија младинкиот културен центар Мулти-култи ,наменет за реализирање на вон-наставни активности на средошколците и основците од различни етнички заедници во Куманово.
За жал поделбата на училиштата врз основа на јазикот на наставата резултираше во недоволно можности за младите од различно потекло да работат заедно.Тоа за возврат придонесе на Ставот, ние спроти тие, кај некои од учениците и ги потикна етничките прерасуди да останат и да се интензивираат. Овој центар треба да ги доближи и приближи младите и да ја врати довербата за заедничко работење и делување –рече Шелдон Јет, претставник на УНИЦЕФ.
Цел на проектот е создавање на услови за одржлив меѓуетнички дијалог преку поттикнување на меѓукултурното учење и комуникација меѓу децата и младите од основните и средните училишта.
Куманово како најголема општина во Македонија важи за мултукултурна општина, каде се почитува правата на сите националности. Со овој проект само ќе докажеме колку ние сме отворени за соработка, транспарентни и толерантни едни кон други. Јас ги подржувам сите проекти и сите активности кои што ќе допринесат младите од градот да се зблужуваат ,соработуваат да се запознаваат меѓусебно и да станата потолерантни едни кон други - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Младинскиот центар е дел од проект „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“ поддржан од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје како дел од заедничката програма на ОН, а финансиран од Шпанската Влада .
-Овој центар е продолжение на повеќето проекти на кои во изминатиот период работеше Центарот за меѓукултурен дијалог. Тука ќе се реализираат најразлични активности , односно разботлници каде малдите преку уметноста, драмата,новинарството ќе имаат можност да ги изразат своите кретитвни вештини да се дружат и да се забавуваат - вели Ивана Додевска од Центарот за меѓукултурен дијалог.
Центарот Мулти-култи се наоѓа на улицата Илинденска и ќе биде отворен за младите секој ден во неделата.