Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фоајето на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово утре со почеток во 20 часот ќе биде претставен проектот - Мултимедијалниот триптих “Генеза на хроничната мистерија“ од Емил Солески.
Во просторот во којшто се поставени три скулптури ќе биде проектиран филм во комбинација со текстуално објаснување на проектот. За самиот проект менторот-скулпторот Емил Солески ќе запише:
...“Три архаични форми, ликовни метафори: распаднато огниште - ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја, кантар, паланза без тег - ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони и празна лулашка - ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско.