×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мургашанска со честитка до здравствените работници: Тоа што вие го правите е херојско дело и подвиг

    07.04.2021 18:08 | KumanovoNews

     По повод Денот на здравствените работници - 7 Април, претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, денеска ја посети Општата болница Куманово и однесе лична донација на вработените во Инфективното одделение.

    Мургашанска со честитка до здравствените работници: Тоа што вие го правите е херојско дело и подвиг

     Честитајќи им го празникот во свое лично име и во име на членовите на Советот на Општина Куманово, таа се заблагодари за нивната посветеност и пожртвуваност во борбата со невидливиот непријател, и им порача дека тоа што тие го прават за своите пациенти нема цена. При тоа им посака многу здравје и да имаат што помалку работа во наредниот период.

     „На сите доктори, медицински сестри и помошен персонал сакам да ви изразам голема благодарност, затоа што тоа што вие го правите е херојско дело и херојски подвиг. Таа услуга, таа грижа, тој топол збор, таа нега и утеха, тоа што вие ни го пружате како пациенти не се купува со пари. Како лекари вие сте чувари на нашето здравје и на нашите животи, а особено сега во време на пандемија вие покажавте што значи Хипократова заклетва и што значи да сте во служба на граѓаните. Во последнава година жртвувате се друго само за да им помогнете на пациентите. Денеска дојдов во името на членовите на Советот, а пред се како невладин активист и хуманист да ви изразам голема благодарност, и да искажам посебна почит кон сите здравствени работници, а особено на најистурените кои се вработените на Инфективното одделение“, кажа Мургашанска.

    Вработените се заблагодарија на донацијата и ветија дека таа ќе ги потсетува во времето кога по напорната работа ќе фатат малку време за одмор и пауза.

    (С.Н.)