Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават големиот празник Курбан Бајрам.
Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран. На Бајрам се посетуваат роднините и пријателите. Со Курбан Бајрам, исто така, завршува и хаџот, аџилакот на светите места во Саудиска Арабија, поврзани со животот и служението на пророкот Мухамед. Според исламската историја, денешниот празник Курбан Бајрам, важи за голем празник, поради тоа што по дваесет и три години колку што траеше објавувањето на Куранот светата муслиманска книга, тој се комплетираше токму на „денот на Арафат“, на Курбан Бајрам.
Првиот ден на Курбан Бајрам, 24 септември, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.