Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нижото музичкото училиште „Панче Пешев„ денеска го одбележува патрониот празник. По тој повод претставници од училиштето и Сојузот на борците положија цвеќе пред бистата во дворот на училиштето.
Се собравме тука да го одбележиме загинувањето на нашиот сограѓанин и борец Панче Пешев, кој жртвувајќе се за нашата слобода го положи својот живот во борбата против против фашистите во селото Кушкули во Грција-велат борците.
Музичкото училиште патронатот го одбележа со повеќе активности, а учениците одржаа и годишен концерт.
Овој ден ние свечено го одбележавме и со завршен годишен концерт на 28 мај, на кој настапија најдобрите ученици од нашето училиште. Презадоволни сме од нивниот настап и од резултатите и наградите што ги постигнаа на државните и меѓународните натпревари по инструментите пијано, виолина и гитара - рече Светлана Трајковска директорката на училиштето.