Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
МВР утринава започна голема акција во Куманово за откривање на луѓе кои се вклучени во криумчарење и транспорт на мигранти од Северна Африка и Блискиот исток.
Според портпаролот на МВР Иво Котевски, досега се приведени повеќе лица, a акцијата сеуште трае.
МВР подолго време работеше на откривање на групата и утринава започна со акцијата во која се претресени десетина објекти во сопственост на осомничените и приведени се повеќе лица. Истовремено е пресечен и еден транспорт на мигранти, - изјави Котевски за Кумановоњус.
Групата имала задача мигрантите од Блискиот Исток и Северна Африка, преку Грција, Македонија и Србија да ги транспортира до земјите на Европската Унија, а при тоа дебело напалаќала за услугата.
Во акцијата нема повредени. Повеќе детали за акцијата од МВР најавија по нејзиното завршување, за попладне или во текот на утрешниот ден.