Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 23 улици во Куманово во наредниот период ќе се поставата препреки за забавено движење на улиците или т.н. „лежечки полицајци“. Постапката за избор на препреките е завршена, а избрани се локации на барање на граѓаните.
„Како приоритетен го поставивме кај училиштето Магдалена Антова во Карпош, по реакција на граѓаните дека улицата е небезбедна за учениците. Тендерската документација за сите е комплетирана, но немаме обезбедена техничка согласност од МВР. Откако и таа процедура ќе биде завршена, доколку имаме поволни временски услови ќе продолжиме со работа и на другите предвидени места“, изјави Момчило Јовановски, од Секторот за комунални работи.
Во зависност од должината на улицата ќе бидат поставени по два или три препреки на улиците Биљановска, Тоде Думба, Доктор Рибар, Поток Серава, Вера Јоциќ, 11 Ноември, крак на истата, Тоде Мендол, Бајрам Шабани, Драган Стопаревиќ, Васил Драгомански, АВНОЈ, Видое Смилевски Бато, Иво Лола Рибар, Народна Револуција, Перо Шварц, Васко Карангелески, Бошко Буха, Есперанто, Јоско Илиевски, Лесковачка, Моша Пијаде, Правда Спасовска.
Дел од граѓаните реагираат и бараат поставување или дополнување на „легнати полицајци“ најчесто на улиците во близина на градинки и училишта, посебно за оние кои не се во централното градско подрачје. Возачите, пак се со став дека дел од нив не се по пропишан стандард и квалитет, неадекватно се обележани па парават штета на возилата кои често поминуваат таму кај што ги има.