×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пред 69 години во голем пожар изгоре дел од ОУ „Крсте Мисирков“, оттогаш народот ja вика „Изгорена школа“

    28.12.2023 18:55 | KumanovoNews

    На денешен ден, 28 декември 2023 година се навршуваат 69 години од избувнувањето на големиот пожар кој го зафати училиштето „Крсте Мисирков“ во Куманово.

    Пред 69 години во голем пожар изгоре дел од ОУ „Крсте Мисирков“, оттогаш народот ja вика „Изгорена школа“

    Ноќта, меѓу 27 и 28 декември 1954 година училишната зграда ја зафатил голем пожар што направил огромна материјална штета, уништувајќи ја целосно кровната конструкција и поголемиот дел од училишниот инвентар. Пожарот избувнал во кабинетот по наставниот предмет хемија. Од пожарот, меѓу граѓаните на Куманово, прекарот на ОУ „Крсте Мисирков“ остана како „Изгорена школа“.

    Поради пожарот, со решение на Народниот одбор на Општината Куманово, наставата била прекината до 4.01.1955 година, а потоа наставата се изведувала во новата зграда на гимназијата „Гоце Делчев“.

    Во текот на летото и дел од есента во 1955 година училишната зграда била санирана и бил надграден уште еден кат, што бил проширен просторот за изведување на наставата.

    Со проширувањето на училишниот простор и зголемувањето на бројот на учениците, во учебната 1956/57 година ОУ „Браќа Миладиновци“ прераснува во осумгодишно со 12 паралелки во оддленската и толку во предметната настава. Оттгаш наваму, двете
    училишта работат во иста зграда во смени (пред и попладне).

    Во периодот во 1977-1982 година во Училиштето се извршени покрупни инвестициони зафати. За тој период се извршени следните работи: извршена е целосна реконструкција на училишната зграда, воведено е централно греење, заменет е поголем дел од училишниот инвентар, изградена е нова фискултурна сала со спортски терени, адаптирана е малата сала која е пренаменета за музички активности и е набавен инвентар за кабинетите по физика, хемија, биологија и ОТП.

    Од учебната 1970/71 година наваму редовно се прогласува ученик на генерација и се наградува со вредна награда.

    Што се однесува до директорите, следниве личности директорувале со училиштето: Киро Андов ( 1.09.1948 - 1.03.1950), Димитар Стојанов (1.03.1950 – 31.08.1954), Петар Трајковски (1.09.1954 – 31.08.1956), Стојче Денковски (1.09 1956 – 31.08.1957), Димитар Стојанов (1.09.1957 – 6.04.1961), Тодор Симоновски (6.04.1961 – 31.08.1962), Димитар Стојанов (1.09.1962 – 31.12.1980), Трајче Петрушевски (1.01.1980 – 1.10.1999), Јанка Богдановска – Арсовска (од 10.09.1999) и т.н.

    Инаку, денешната зграда во која се наоѓаат ОУ „Крсте Мисирков“ и ОУ „Браќа Миладиновци“ била изградена во далечната 1925 година како „Централна основна школа“ а се наоѓа во „Велешкиот сокак“, денешна ул. „Народна револуција“.

    На следнава слика, која е направена на 25.07.1928 година од авионско снимање на градот Куманово, може да ја забележиме денешната зграда на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“.

    Извор:

    С.Н. Стојановиќ – Школството во Куманово и Кумановско 1805-200, стр. 339, Куманово, 2001.

    Подготвил. Проф. Филип Ѓошевски, научен соработник