Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска од 9 до 15 часот спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за откривање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа се санкционирани 90 возачи.
„Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.