Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Договарања на цените во прехрамбената индустрија се можни, но се прават обиди да се докаже, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Тој кажа дека цените на светските берзи заради инфлацијата се зголемени за една четвртина помалку отколку во земјава.
„Ако храната на берзанските цени во ЕУ е зголемена за 11 отсто, овде е зголемена за 46 отсто. Тоа не е етички. Во кризно време компаниите не треба да бидат една од причините за кризата да биде уште поголема. Неетичкото однесување носи до поголеми последици кои можеби веднаш нема да ги видиме, но утре веќе ќе биде доцна“ истакна Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи вели дека мора да се зајакнат инспекциските служби со професионалци што ќе бидат цело време на терен и ќе го следат однесувањето во компаниите, банките и во сите сегменти на општеството.Затоа што според искуството штом надлежните излезат на терен, проблемите се елеминираат.
Владата ќе се справува со проблемот преку нов пакет антикризни мерки. Според најавите, од ноември овој вид на помош,наменет за најранливите категории, предвидува субвенции за сметките за струја и за греење.Со овој деветти антикризен пакет, со неодамнешната распределба на буџетските средства, се издвоени 74 милиони евра.
По одмрзнувањето на цените на основните прехрамбени производи граѓаните се сведоци на секојдневни поскапувања на лебот,сирењето,месото,овошјето и зеленчукот.Во кризно време компаниите не треба да се причината за кризата да биде уште поголема сметаат надлежните.