×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На четири локации во Куманово утре ќе се собира кабаст отпад

    18.10.2024 15:33 | Оливера Пешевска

    ЈП „Чистота и зеленило“  утре организира акција за собирање на кабаст отпад на четири локации во градот. 

    На четири локации во Куманово утре ќе се собира кабаст отпад

    На паркинг просторот кај Пожарна станица, кај градскиот базен, на локалитетот „Кошеви“ во населбата „Гоце Делчев“ и во населбата „Тоде Мендол“ кај место викано „Бараки“. Големите контејнери ќе бидат поставени во периодот од 7 до 17 часот.

    „Во акциите се собира можеби 5 проценти од кабастиот отпад, а преку цела година околу 95 посто се собира покрај контејнерите, каде наоѓаме многу поголеми количини на градежен шут и гломазен мебел. Се обидуваме да ја подигнеме јавната свест и менталниот склоп на нашите граѓани. Тешко оди, но се надевам дека во блиска иднина ќе изнајдеме модалитет во кој и сите ќе учествуваат и сите ќе имаат бенефит“, истакна директорот Ненад Стојановски.

    Според него потребна е зголемена меѓуинституционална синхронизирана соработка, поголема активност на инспекциските служби, но и промена на законската регулатива, особено во казнената политика. Стојановски додава дека во правилникот на „Чистота и зеленило“ постои можност за самостојна услуга на собирање на кабаст отпад од домовите, како и поставување на корпа за градежен шут или столарија во близина на секој објект кој се реновира, по дополнителна цена утврдена од Совет на Општина Куманово.

    Сосема мал дел од граѓаните се јавуваат и ги користат овие услуги, останатите сметаат дека тоа треба да биде бесплатно, затоа што веќе секој месец плаќаат сметки на „Чистота“.

    „Плаќаат за комунален, неселектиран отпад, кој од најголем дел од улиците се изнесува два пати неделно. Во централното градско подрачје и два пати дневно. Мое мислење е дека би требало да се наплаќа отпадот по тежина, по килограм и дека тоа би било најреално, затоа што има семејства кои продуцираат многу помалку отпад од останатите, а плаќаат по квадратура на семејниот дом. Замислете една старица, и едно петчлено семејство со деца во раст, кои фрлаат прерасната гардероба или искинати обувки на тони секоја сезона“, објаснува директорот Стојановски.

    Далеку сме од „запад“, ама сите ја констатираат улогата на службите во одржување на јавните површини и животниот простор, но никој не прашува за обврските што ги има секој граѓанин посебно и цената која ја плаќа за услугата што ја добива. 

    Одговорните признаваат дека во последно време не ги добиваат резултатите на кои се надеваат при организирање на вакви акции.