Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца кумановци физички нападнале вработен во ЈП „Чистота и Зеленило“ на градската депонија „Краста“ во Куманово.
Инцидентот се случил вчера во 16.15 часот кога М.Џ. (22), С.Џ.(51) и Н.Џ.(50) со тврд метален предмет го нападнале Д.М.(46) од Куманово.
Случајот во полицијата го пријавил колегата на напданатиот Г.П. вработен во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.