Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Одделението за инфективни болести во Општата болница Куманово се сметени 10 пациенти кои се лекуваат од ковид-19.
Станува збор за повозрасни лица кои имаат одредени коморбидитети.
„Се работи за пациенти со средно-тешка клиничка слика, кои мораат да бидат хоспитализирани заради кислородна поддршка, но не се со многу сериозна клиничка слика“, изјави директорката Снежана Захариева.
Таа додава дека епидемиолошката состојба со ковид-10 е стабилна и бројките на новозаболени се во постојано опаѓање.
Вчера во Центрот за јавно здравје во Куманово нема регистрирани новозаболени, туку само 17 оздравени лица. Во Куманово има 48 активни случаи на коронавирус.