×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На концертот за 11 Ноември ќе настапат 22 пејачи, ќе чини 32.000 евра и плус 2.500 евра за огномет

    21.10.2024 10:51 | Оливера Пешевска

    Повеќе домашни изведувачи ќе настапат на традиционалниот концерт по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово, кој е насловен како „Македонија пее за Куманово“, а ќе се одржи на Градскиот плоштад во Куманово.

    На концертот за 11 Ноември ќе настапат 22 пејачи, ќе чини 32.000 евра и плус 2.500 евра за огномет

    Фондацијата за култура и спорт ангажирала дури 22 пеачи и изведувачи од повеќе музички жанрови, со програма наменета за сите генерации.

    За кумановци ќе пеат: Владо Јаневски, ДНК, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Антониа Гиговска, 2 Бона, Слаткаристика, ИвонаЈо, Наум Петрески,  Маргица Антевска, Пајак, Марио Арангеловски, Куку Леле, Мартија Станојковиќ, Лука Чомбе, Миле Кузмановски, Нино Величковски, Лара Иванова, Мартинијан Кириловски, Шпенд Латифи, ДЏ Боно и Фис бенд.

    „Станува збор за сосема нов концепт и концерт каков што никогаш претходно се нема случено во Македонија. Предвиден е блок на локални уметници, на фолк изведувачи, поп-рок изведувачи и блок на рап-трап изведувачи. Настанот ќе го води Стефан Лазаров, а за време на самиот концерт не очекува и спектакуларен огномет, кој исто така е традиција. На овој начин го одбележуваме 505 годишното постоење на нашиот град“, стои во поканата на Фондацијата за култура и спорт. 

    За разлика од порано сега нема една ѕвезда не вечерта, туку секој од изведувачите ќе изведе по неколку нумери.

    Општина Куманово за организација на овој концерт издвојува 2 милиони денари, или 32.500 евра. Самиот огномет чини 150 илјади денари, а за бината, озвучувањето и осветлувањето на годишно ниво локалната самоуправа плаќа 1,3 милиони денари или 21.000 евра.