×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На кумановци не им пречи загадениот воздух, само 50-тина излегоа на протест

    14.06.2022 22:49 | Сузана Николиќ

    Само педесетина граѓани излегоа вечерва на протестот „Сакам да дишам“, кој го организираше неформална група на граѓани, против енормното загадување на воздухот во Куманово.

    На кумановци не им пречи загадениот воздух, само 50-тина излегоа на протест

    Протестот не доби масовна поддршка од кумановци, кои толку се силеа на социјалните мрежи, ниту, пак, од невладините организации и политичките партии, на кои основни предизборни ветувања им беше здравата животна средина и чистиот воздух.

    „Сакам да се заблагодарам на сите што нè поддржаа во оваа наша мисија, иако се малубројни. Куманово се соочува со големо загадување и затоа аплеираме до властите побрзо да го решат овој проблем за доброто на сите во општината, бидејќи овој проблем е заеднички. Загадувањето трае од доцните вечерни до раните утрински часови, и затоа бараме да се најдат загадувачите и барем сега во лето да можеме да дишеме. Нашата парола е ‘Сакам да дишам’“, изјави Ана Денковиќ-Антевска, иницијатор на протестот.

    Таа истакна дека протестот е исклучиво граѓански и нема политичка или верска позадина и се надева следниот пат протестот ќе биде помасовен.

    Еномното загадување на воздухот во Куманово започна пред дваесетина дена, кога граѓаните во вечерните и утринските часови почнаа да чувствуваат непријатна миризба, која ги пече очите и тера на повраќање. Во вечерните и ноќни часови градот и околината се обвиткани во густ чад со мирис на изгорена гума. Инспекциските служби утврдиле дека воздухот во Куманово го загадува фабрика која се наоѓа во близина на македонската граница на територија на Србија, во Прешево. Веќе се контактирани српски служби и се чека одговор од нивното постапување.

    Но, покрај овој загадувач, во Куманово во континуеитет речиси секое попладне и наутро се палат гуми и електрични кабли во неколку населби. Отровниот материјал го пaлат собирачите на отпад, за да ги извадат челичните сајли и бакарот, кој потоа го продаваат на откупните пунктови за метал.