×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Во Куманово фалат економски техничари, медицински работници и технички кадар, решението се гледа во дуалното образование

    05.02.2024 20:21 | Оливера Пешевска

    Анализите покажуваат дека бизнис секторот во Куманово има потреба од стручен кадар, кој ќе произлезе од дуалното образование и ќе одговори на потребите и барањата на производствениот процес. 

    Во Куманово фалат економски техничари, медицински работници и технички кадар, решението се гледа во дуалното образование

    Во моментот се најбарани се: економски техничари, бизнис администрација и стручен кадар за е- трговија и дигитален маркетинг, болничари-негователи, фармацевти и медицински сестри, конфекционери, техничари за обувки и дизајнери на облека. Од техничките и машинските струки недостасуваат заварувач, каросериски механичар, автомеханичар и инсталатер за греење и климатизација, додека земјоделското училиште „Киро Бурназ“ би можел капацитетите да ги насочи за школување и стручно усовршување на градинари-цвеќари, лозаро- овоштари и сточари, како и актуелните козметичари, фризери, но и техничари за очна оптика. Недостасуваат и стоматолошки асистенти, па се вработуваа медицински сестри кои се преквалификуваат, ветеринарни техничари кои ја избегнуваат работата на фарми и одгледувалници на добиток.
     
    Ова меѓу другото беше кажано на денешниот состанок на претставниците на локалната самоуправа, бизнис секторот и надлежните од образовните институции во градот, кои имаа задача да ги дефинираат профилот на стручни кадри кои недостасуваат на пазарот на труд во Куманово. 

    „Преку Агенцијата за вработување би требало да се обезбеди точна бројка и профил на дефицитарни кадри, а училиштата ќе треба однапред, и тоа најмалку по 6 месеци порано, да имаат можност за приспособување- анализи за тоа дали имаат наставен персонал, опрема, лабораторија, кабинети за изведување на образовниот процес. Е сега, за да има ефекти и резултати би требало да се вршат промоции и презентации во сите основни училишта, посебно на осмо и деветто одделенците. Тука детално би се објасниле предностите и придобивките од насочување кон тој стручен профил, а одлично би било и доколку државата обезбеди некои бенефиции, во вид на стипендии на учениците и секако дотации на училиштата, за да се оддржи тој смер. Во повискоите класови , 3-та и 4-та година децата би требало да имаат поголем обем на практична настава, а помалку теоретска. И повторно за пример ќе ја земам Германија- по три дена неделно учениците се на пракса и за тоа се и платени, не во вид на личен доход, но веќе заработуваат одредена сума додека се обучуваат, а и училиштата добиваат финасиска надокнада. Второ, но не помалку важно по матурирањето компаниите добиваат спремни, стручни и обучени работници кои веднаш можат да се вклучат во производствен или работен процес“, објаснува Ахмет Јашаровски од Локалниот економски совет.

    Презентација на кампањата направи Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование. Според прибраните информации 88,5 посто од анкетираните компании во Куманово би примиле практиканти, односно средношколци во проектот за учење преку работа.

    „Соработката меѓу сите важни чинители, а тоа се образовните институции и бизнис секторот, со административна поддршка на локалната самоуправа е неопходна, итна и не може да се доведува во прашање. Мора да креираме политики за да ги привлечеме децата, младите да се образуваат, но уште поважно како продуктивни кадри да најдат соодветна и добро платена работа, за да го стопираме одливот на млади сили од државата. Децата, младите да си останат дома и да се вложат во напредокот на нашиот град и општество“, истакна во поздравниот говор претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска.

    Проектот „Учи паметно, работи стручно“ има за цел да креира квалификуван стручен кадар, кој ќе произлезе од дуалното образование и ќе одговори на потребите и барањата на производствениот процес.

    Секторот за образование на Општина Куманово предлозите за наставната 2024/2025 година кои ќе произлезат од направените анализи ќе ги достават до Министерството за образование и наука до 15 фебруари.