×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Куманово му недостасуваат пет медицински екипи за брза помош

    25.12.2023 14:44 | Оливера Пешевска

    Пет екипи на итна медицинска помош недостигаат во Куманово по законски пропишаниот минимум на тимови во зависност од бројот на жители, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

    На Куманово му недостасуваат пет медицински екипи за брза помош

    Иако бројот на жители се намалува според последниот попис, со поголема динамика се намалуваат и бројот на потребните медицински екипи на терен.

    Уредбата за мрежата на итна медицинска помош утврдува дека секој здравствен дом кој опфаќа до 30.000 жители треба да има најмалку 5 тимови за итна медицинска помош и уште по еден на секои дополнителни 10 илјади жители.

    „Пет тимови недостигаат во Куманово, а секој тим покрива близу 31 илјади жители дневно.Во градот има еден вработен на повеќе од три илјади жители“, стои во анализата.

    Во Крива Паланка покриеноста на еден тим е 5,4 илјади жители, додека во Кратово значително помалку 3,8 илјади жители дневно.

    Во интервенции спаѓаат не само оние на итната медицинска помош, туку и на домашната посета и интервенции во дежурната служба.

    Ниту еден здравствен центар во државата нема евиденција колку вкупно телефонски повици добива со барање за итна помош. Се знае само на колку повици одат. Оттука, не може да се дојде до можеби клучната бројка – на колку од повиците со барање за брза помош всушност доаѓа екипа.

    Според анализата во Скопје, Тетово и во Куманово има најголем недостиг од кадар за итна медицинска помош.