×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Куманово повторно му се заканува водна криза

    21.09.2011 16:04 | KumanovoNews

    Од водостопанство Кумановско-липковско поле од синоќа го преполовилe дотурот на сурова вода до ЈП „Водовод“, поради што повисоките делови на Куманово денеска останаа без вода за пиење.

    На Куманово повторно му се заканува водна криза

    Одговорните во ЈП „Водовод“ велат дека исклучувањето на водата на алтернативниот довод на т.н.бај-пас било ненајавено, а по смената на директорот во Водостопанство, не знаат на кого да се обратат и да побараат објаснување за нелогичната постапка. Случајот единствено го пријавиле во Центарот за управување во кризи од каде не добиле одговор за што се работи и како ќе се реши проблемот.

    Ние можеме само да претпоставуваме за што станува збор, затоа што немаме комуникација со никога од надлежните институции. Можеби се работи за некој поголем дефект, за затворање на системот за наводнување поради недостаток на вода или за намерно исклучување, но некој треба да се јави и да каже- велат од ЈП „Водовод„.

    Во соопштението од ЈП „Водовод„, кое беше дистрибуирано до медиумите, се наведува дека наместо 350 литри во секунда, колку што вообичаено се доставува на преработка во Филтер станицата, од вчера пристигаат само 160 литри во секунда од останатите извори. Поради тоа од претпријатието велат дека прават напори водата правилно да ја распределат, и апелира граѓаните да ја трошат што порационално додека да се нормализира водоснабдувањето.

    Проблемите на двете водоводни претпријатија во градот трајат со години, поради ривалството на локалните и централни институции. Директорот на водостопанство Кумановско-липковско поле Дејан Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е  брат на директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски СДСМ, е разрешен од функцијата минатат недела, а само три дена потоа започнаа игрите со водоснабдувањето.