×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На листата на чекање 334 барања, новозапишани се 124 дечиња во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово

    15.08.2024 12:33 | KumanovoNews

    Во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово во јули се новозапишани 124 дечиња, со што моменталната бројка на оние на кои им е обезбедена ова услуга за наредната учебна година е 1768 деца од предучилишна возраст. На листата на чекање се наоѓаат уште 334 барања.

    На листата на чекање 334 барања, новозапишани се 124 дечиња во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово

    За нови запишувања одлучува комисија која заседавала на 15 јули, по претходно изгласана одлука на Совет на Општина Куманово за запишувања над проектираниот капацитет на градинката. Ова е проблем кој се провлекува со години, постоечките капацитети не можат да ги сервисираат потребите на младите родители. Тековно и без пречки тече згрижувањето само од причина што речиси никогаш не се доведуваат сите запишани дечиња, дали поради тоа што се болни, на патување со родителите, екстремни временски услови па остануваат со членови на семејствата дома.

    Бројките не се конечни и статични, постојано се случуваат измени.

    Во моментов се врши потпишување на анекси на договорите кои се со времена важност од една година. Родителите се должни да донесат потврда за уплатени средства, заклучно со месец јули за да им се продолжи договорот потпишан со институцијата, во спротивно може еднострано да биде раскинат“, истакна директорката Марина Алексовска.

    Известувањето до родителите е испратено на 18 јули, потпишувањето на анексите е предвидено да трае до крајот на месецот, но до сега се комплетирани само 337 досиеја. Чекањето до последен момент за исполнување на ова обврска може да создаде метеж и долготрајни чекања, кои не одат во прилог ниту на родителите ниту на вработените во административните служби на градинката.

    Остануваат само уште десет работни дена, а ниту половина од анексите не се потпишани. Ги замолувам, апелирам до родителите за поголема ажурност, да дојдат во просториите на управните служби, да ја завршиме ова формалност. Ако чекаме до последен момент ќе се создаде долга редица, незадоволство и нервоза и кај вработените, а посебно кај оние кои ќе мора да чекаат“, објаснува Алексовска.

    Овие анекси на договори се воведени пред неколку години со цел дисциплинирање на нередовните плаќачи. На овој начин градинката обезбедува константен и навремен прилив на средства.