×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Општината и треба нов Генерален урбанистички план

    13.02.2014 15:37 | KumanovoNews

    Општина Куманово има обврска да донесе Генерален урбанистички план, но за колкав период тој ќе биде готов не може да се прецизира, бидејќи последниот ГУП се носел 8 години.

    На Општината и треба нов Генерален урбанистички план

    Советниците изразија незадоволство од начинот на кој се гради и побараа што поскоро да почне донесувањето на Генералниот урбанистички план кое ќе се одвива во фази. Тие имаа забелешки дека многу објекти отстапуваат од предвидениот габарит, многу згради немаат паркинг или имаат поголем број станови од предвиденото.

    Има цели дивоизградени населби кои што во континуитет се градат. Наместо да изнајдеме начин да ги опфатиме и да општината има бенефит од тоа, да наплати комуналии може ќе дојде друга власт и ќе донесе друг Закон за легализација. Граѓаните ќе си речат “Зошто да плаќам однапред, кога за 1 евро можам да го легализирам“?  - рече претседателот на советот, Максим Димитриевски.

    Координаторот на советничката група на ВМРО - ДПМНЕ, Мирослав Стојановски смета дека во ваква финансиска криза Општина Куманово нема да може да донесе ГУП бидејќи искуствата од другите градови покажуваат дека истиот чини околу половина милион евра.

     Не сакам да се амнестирам од одговорност, ГУП е неопходен и секако дека општината има капацитет да го донесе. ГУП нема да ги реши проблемите за кои што зборувате. Во ДУП е овозможен начин на паркирање и не постои дозвола која е издадена спротивно на ДУП - кажа Лидија Ланг, раководител на сектор за урбанизам.

    Верче Лазаревска од секторот за инспекциски надзор тврди дека континуирано се врши контрола за да се види дали објектите одговараат на издадената маркица и додаде дека тие не се надлежни да го контролираат бројот на станбени единици во објектите.

    Советниците ја изгласаа програмата за урбанистичко планирање за 2014 година која ќе чини 27.000.000 денари.