Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Л.В. (44) од село Пчиња, удрил полицаец по лицето, а предходно лажно пријавил кражба на нафта. Инцидентот се случил минатат недела, откако Л.В. ја известил полицијата дека забележал како непознати лица истовараат украдена нафта во селото Пчиња.
Полицијата излегла на лице место и од извршените проверки е утврдено дека луѓето нафтата легално си ја купиле. Тогаш Л.В. кој бил под дејство на алкохол почнал да ги навредува полициските службеници, при што во еден момент физички нападнал еден полицаец, удирајќи го со тупаница по лицето.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Л.В за сторено кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.