×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Скопскиот аеродром фатен кумановец со лажен ПЦР тест, му го набавил пријател за 30 евра

    22.02.2021 13:27 | KumanovoNews

    Кумановец со престој во Швајцарија е фатен на граничен премин на Скопскиот аеродром со лажен ПЦР тест.

    На Скопскиот аеродром фатен кумановец со лажен ПЦР тест, му го набавил пријател за 30 евра

    Покрај кумановецот, за истата измама откриени се уште три лица кои патувале за Швајцарија.

    „На 21.02.2021 во 19.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови“, - информира МВР.

    Извршен бил разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.