На Студена вода променливо облачно и - бледо!
Така некако беше на третиот по ред провајмски викенд на Студена вода во Доброшане во организација на Асоцијата на невладини организации, Синдикатот и локалната самоуправа на Куманово.

Првин облачно и тмурно, потоа малку сонце и ветер, малку музика од разглас и во жив играорците на КУД ,,Панче Пешев‘‘, и сето тоа пред стотина до двеста граѓани. Ништо од намерите на организаторите да им се врати стариот сјај и расположение на општонародните работни маси за прослава на својот труд како некогаш на Студена вода. Ништо повеќе не е како што некогаш беше. Ја нема повеќе атмосверата на светнати лица на кумановскиот работен народ, без оглед што организаторите се трудат на пикникот во Доброшане да обезбедат и бесплатен превоз за посетитетлите на местото на прославата. Очигледно дека на народот денес навистина не му е до радост и масовно дружење во природата зашто современите народни водачи, наместо во демократија и благосостојба, го доведоа до општа сиромаштија, му ги украдоа фабриките и работните места, го понижија до степен на минимална социјала, го изманипулираа со лаги и демагогии, им го замолчаа Синдикатот... Таа горчлива вистина со ништо денес не може да се покрие, па ни со двата часа фолклор во изведба на инаку извонредните играорци на ,,Панче Пешев‘‘ како и со краткиот пригоден говор на градоначалникот Зоран Дамјановски. Патем, на овој пикник изостана и ланското гравче за посетителите кои веќе околу 13 часот почнаа да се разидуваат. Се‘ на се‘ барем за вашиот репортер - бледо !