Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 1 мај во местото Студена Вода ќе се организира првомајски пикник со културно - уметничка програма.
Тоа е традиција која датира уште од Втората светска војна. Тогаш граѓаните на 1 мај се собирале во месноста Студена Вода. Сите подготовки за оваа година се завршени. Ние сакаме таа традиција да продолжи. За организирање на овој настан пресудна е финансиската поддршка од локалната самоуправа. За граѓаните има бесплатен превоз од пред Комитет и од булевар “Октомвриска револуција“ во 10.30 часот - вели Киро Соларски, од здружението “Коледари“.
Тој вели дека пикникот се организира пета година по ред, а доаѓаат по 3000 луѓе.
Настанот го организира Асоцијација на невладини организации од Куманово под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.