×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце патниците се информираа за поефтин роаминг

    02.07.2015 10:23 | KumanovoNews

    Претставници од Агенцијата за електронски комуникации, денеска на граничниот премин Табановце делеа фалери, со кои ги информираат граѓаните за регионалното поефтинување на роамингот.

    На Табановце патниците се информираа за поефтин роаминг

    Од вчера стартуваше регионалното намалување на цените за 73 отсто за минута разговор, и за 90 отсто за 1 мб интернет кон Србија, Црна Гора и БИХ.

    “АЕК секогаш е блиску со своите корисници, за да ги упатиме до новите цени и како да ги користат тие цени. Сите граѓани кои патуваат, кога ќе направат сметка 3000 денари, добиваат смс од операторот дека направиле 3000 денари и дали сакаат да продолжат со сервисот или не. Исто така кога користат интернет, на 1000 денари направена сметка за интернет, исто добивате порака дали сакате да продолжите или не. Трендот на намалување на цените ќе продолжи во наредните две години“- изјави Роберт Орданоски, директор на АЕК.

    Патниците затекнати на влез и излез од земјата беа задоволни од оваа новина.

    “И така трошам доста, сега ќе биде поефтино. Секоја недела патувам за Србија и ова многу ќе ми користи“- вели Благоја Митковски од Куманово.

    И странските државјани го делат истото мислење.

    “Супер е, ќе можеме слободно да разговараме. Имав огромни сметки, но се надевам дека сега ќе се смени“- рече Сања Стаменковиќ, српска државјанка.

    Од АЕК велат дека целта им е намалување на роаминг да се постигне и со Албанија, Косово,  Турција, држави кои не се членки на ЕУ, бидејќи земјите од ЕУ имаат посебни регулативи за оваа проблематика.