×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    На Табановце спречена нелегална трговија со папагали

    13.02.2024 09:32 | KumanovoNews

    На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница, запленети се 47 папагали, кои српски државјанин се обидел да ги внесе во државата без да ги пријави.

    На Табановце спречена нелегална трговија со папагали

    „Царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот пронајдоа кафези со папагали“, соопшти Царинската управа. 

    Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од кадешто се соодветно згрижени.