На Табановце запленети апарат и делови
08.07.2014 10:51
| KumanovoNews
Еден апарат за испитување на масло за трансформатори и сетови на вентили и кабел, откриени се на граничниот премин Табановце автопат.

Стоката е најдена при контрола на патничко возило со хрватски регистарски таблички, управувано од хрватски државјанин, кој се пријавил за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена во багажниот простор на возилото.