Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
33 мобилни телефони марка LG,царинските работници пронашле на граничниот премин Табановце - aвтопат на македонско-српската граница.
Телефоните биле откриени при преглед на патничко моторно возило со српски регистарски ознаки, пријавено за влез во државата. Автомобилот го управувал српски државјанин, а непријавената стока била сокриена во специјално куферче за телефони, сместено во багажниот простор.