×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На вонредно собрание Зоран Илиевски избран за претседател на КУД „Панче Пешев“ во Куманово

    28.10.2023 08:26 | Оливера Пешевска

      Зоран Илиевски (41) е избран за нов претседател на КУД „Панче Пешев“ на вонредно собрание, кое завчера вечер се одржа во просториите на друштвото. Тој доаѓа на место на долгодишниот претседател Мирослав Крстевски.

    На вонредно собрание Зоран Илиевски избран за претседател на КУД „Панче Пешев“ во Куманово

    „Подолг период друштвото не функционираше како што треба и баравме одржување на редовно собрание за што претходниот претседател и писмено беше известен, но тој го игнорираше нашето барање. Инаку Крстевски за претеседател е изберен пред 34 година, а последното редовно собрание е одржано во 2011, а задолжително е секоја година. Неговиот четиригодишен мандат е завршен во 2015 година, со што неговата функција е нелегитимна“, истакнува новиот претседател Илиевски, кој е поранешен играорец.

    Истовремено на собранието се изберени и нови тела на друштвото. Според статутот на друштвото членовите имаат право да свикаат вонредно собрание без присуство на претседателството, и да изберат претседател со мнозинство од членовите.

    Новиот претседател најавува дека по неколку месечна пауза од понеделник ќе продожат со редовните активности, проби, уписи на нови членови и подготовки на групите и оркестрите за настапи и концерти.

    Од друга страна, досегашниот претседател Мирослав Крстевски изборот на новото раководство го смета за незаконски упад во работењето на друштвото . Тој вели дека последните месеци имало опструкции од одредени членови и родители со политичка заднина.