×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На железничкиот мост кај „Перо Чичо“ не се работи, а посебниот сообраќаен режим се` уште трае

    27.07.2020 08:20 | KumanovoNews

    Посебниот режим на сообраќај на улицата „Ѓорче Петров“  на влезот во населбата „Перо Чичо“ се` уште трае и се одвива на една коловозна лента, иако реконструкцијата на железничкиот мост е прекината повеќе од еден месец, откако германската фирма „Вибе“ ја повлече својата механизација и ги запре градежни активности на изградба и реконструкција на железничката пруга Куманово   -  Бељаковце.

    На железничкиот мост кај „Перо Чичо“ не се работи, а посебниот сообраќаен режим се` уште трае

    Поради зголемениот метеж, граѓаните кои секојдневно по неколку пати мораат да помина по оваа собраќајница негодуваат и бараат решение на проблемот - да се отстранат поставените рампи и семафори со кои се регулира сообраќајот.

    „Ваквото одолговлекување и непрофесионално работење е срамотно. Голем број од возачите не ги почитуваат семафорите, па честопати автомобилите се среќаваат на “половина пат“ и може лесно да дојде до верижни судири. Очекуваме што поскоро да се отстрани овој начин на функционирање на сообраќајот, со оглед на тоа дека нема известувања кога ќе се започне со повторно работење на втората страна од мостот“, - реагираат граѓаните.  

    Од она што може да се види на лице место изграден е потпорниот ѕид само на едната страна на мостот, додека на другата страна само е започната работата.

    Од Министерството за транспорт и врски, кога беше стопирана изградбата рекоа дека ќе покренат постапка против германската фирма а работата ќе продолжи наредната година, откако ќе се изврши увид до каде се работите и ќе се распише тендер за избор на нова фирма изведувач.

    Кога започна реконструкцијата на железничкиот мост беше најавено дека таа ќе трае неколку месеци.

    (Д.Давитковски)