×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Наце Буѓони“ повторно најдобро техничко училиште во државата

    03.06.2015 08:57 | KumanovoNews

    Техничкото училиште “Наце Буѓони“ ја одбрани титулата најдобро техничко училиште во државата, на 34- от државен натпревар за електротехнички, машински  и сообраќајни училишта кој неодамна се одржа во Прилеп.

    “Наце Буѓони“ повторно најдобро техничко училиште во државата

    Училиштето освои повеќе награди, на овој  натпревар кој е од највисоко значење за стручните училишта во земјава.

    “Поради големите успеси изминативе години на овој натпревар бевме прогласени за најдобро техничко училиште со најголем број на освоени места. Оваа година повторно го докажавме истото и многу повеќе. Нашите ученици ги собраа сите награди во категориите во кои учествуваа. Овие резултати кои ги освоивме последниве години претставуваат голем успех за нашите ученици. Со овие дипломи тие ќе можат полесно да добијат стипендија за студирање, исто така може да им помогнат при вработување“ - вели менторот Златко Гиновски.

    Во категорија компјутерска техника и автоматика  наградени се Ане Илиевска со 1 место и Ул Џеладини со 3 место. Од електротехничар енергетичар Марко Трајковски зема 1 место, а Шаип Даути 2 место.

    Од машинско енергетски техничар наградени се Даниел Милошевски со 2 место и Вулнет Адеми со 3 место. Од техничари за комјутерско управување награда зема Симона Јовановска и тоа 3 место. Со трудови од електро струка награди добија Милан Поповски 1 место, Давид Илиевски 2 место, а со трудови од машинска струка Хелена Жгума 3 место и Никола Михајловски пофалница.