Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Светскиот ден на науката, Александар Милановски, ученик во Техничкото училиште “Наце Буѓони“ викендов учествуваше на изложбата “Наука на младите“ што ја организираше народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.
На изложбата беа претставени најуспешните ученички трудови “Хидраулична рака“ и “Лед дисплеј“, а ги видоа претседателот Иванов, универзитетски професори, деканот на Електротехнички факултет, претседателите на Народна техника и СПАТУМ.
Ученици од “Наце Буѓони“ постојано учествуваат на државните натпревари, покажуваат добри резултати и затоа беа повикани на изложбата “Наука на младите“ во народната канцеларија на претседателот Иванов.