Национален ден на Власите
23.05.2011 08:30
| KumanovoNews
Националниот празник на Власите во Македонија, вечерва свечено ќе се одбележи и во Куманово.

Во Градската галерија ќе биде отворена изложба на слики и предмети од животот, културата и традицијата на Власите во Куманово. Изложбата ќе биде отворена во 19.30 часот, по што ќе следува и културна програма. Манифестацијата ја организира локалната самоуправа во соработка со Народниот музеј.
Припадниците на влашката заедница својот национален празник го прославуваат од 1991 година.
Од пред седум години 23-ти Мај е прогласен за државен празник и неработен ден за сите Власи во Република Македонија.