×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Националниот совет на Србите во Македонија доби нов претседател

    05.06.2010 15:19 | KumanovoNews

    Националниот совет на Србите во Македонија денеска на вонредно Собрание го избра Дејан Кошутиќ за нов претседател. Кошутиќ ќе остане на функцијата до одржување на редовното Собрание, наредната година.

    Националниот совет на Србите во Македонија доби нов претседател

    Тој доаѓа на местото на Душан Вељковиќ, кој во октомври мината година си поднел неотповиклива оставка, поради големи политички притисоци и несогласувања со одредени високи партиски функционери. 

    На Собранито присуствуваше и амбасадорот на Република Србија во Македонија, Томислав Ѓурин, кој го поздрави делегатите и им посака единство во натамошното застапувањето на правата на Србите во Македонија.

     Она што јас го видов во овој краток период овде, мандатното присуството на нашите претставници во Парламентот на Македонија, не дава никакви ефекти на етничкиот корпус на Србите. Напротив, тој ваш корпус е многу фрагментиран, поделен, раскаран, незадоволен и потиснат.Партиските интереси и интерсите на партиското раководство не се совпаѓаат со вкупните српски интереси. Во таа смисла јас во вас препознавам едно координативно тело, кое и на нас во Србија и на мене овде, многу ќе ни помогне да ги препознаеме вистинските интереси на Србите и модалитетите како да ги оствариме во состав на македонската регулатива. Затоа ви посакувам успешна работа без никакви аспирации да ви се мешам во вашата внатрешна работа, а моето присуство овде е исклучиво како подршка за повторно воспоставување на Националниот совет и негово функционирање. Очекувам новото раководство да направи порелаксирана работа и поголема динамика во зачленување. Раководството на оваа организација или некој од нив го гледам како претставник на дијаспората во Собранието на Република Србија -рече амбасадорот.

    На собранието присуствуваа 29 делегати, претставници на 6 од вкупно 7 организации на Србите во Македонија , основачи на Националниот совет на Србите во Македонија.