×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 1000 посетители дневно на лизгалиштето во Куманово

    24.01.2020 10:08 | KumanovoNews

    Над 1000 посетители секојдневно доаѓаат на  лизгалиштето на мраз во Куманово, кое беше поставено минатата недела.

    Над 1000 посетители дневно на лизгалиштето во Куманово

    Како што информираат од ЈП „Чистота и зеленило“, лизгалиштето е посетено во текот на целиот ден, почнувајќи од 9 часот наутро, па се` до 21 часот навечер. Најчестo се учениците од основните и средни училишта.

    - Околу недела дена како работи лизгалиштето на мраз и има голем интерес и посетеност.  Над 1000 корисника секојдневно. Како што беше најавено услугата е бесплатна, само со потпишување на изјава дека се согласуваат со условите за користење. Секој посетител на лизгалиштето може да остане само еден час, но децата главно се задржуваат и подолго. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во наредниот периодот и временските услови ќе дозволат најмладите коишто се најмногу заитересирани за користење на лизгалиште, да можат да ја користат оваа услуга подолго,- вели Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“.

    Со опремата за лизгалиштето обезбедени се и 200 лизгалки од сите големини за посетителите. Изнајмувањето се врши на благајната на Затворениот безен. Возрасните со себе треба да приложат лична карта, додека пак малолетните лица мора да се во придружба на нивните родители или старатели кои ќе потпишат изјава во која се прецизираат нивните податоци, но и дека се согласуваат со условите за ризикот доколку настане некоја несакана последица при рекреативниот процес.

    Еден час во текот на работното време се прави пауза за да се овозможи формирање на дополнителен слој на лед за непречено користење на лизгалиштето, бидејќи високите температури и сонцето не се во прилог и ледот брзо се топи. 

       Проектот за монтажни спортски лизгалишта се реализира преку Агенцијата за млади и спорт, а со него ќе стопанисува Општина Куманово.