×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 130 ученици се испишале од кумановските училишта во првото полугодие, заминале со родителите во странство

    29.01.2024 16:07 | Сузана Николиќ

    Кумановските основни и средни училишта во второто полугодие останаа без 131 ученик во однос на запишаните на почетокот на годината, бидејќи се иселиле од градот.

    Над 130 ученици се испишале од кумановските училишта во првото полугодие, заминале со родителите во странство

    Според Секторот за образование во Општина Куманово, поголем е бројот на испишани ученици во основните во споредба со средните училишта.

    „Во четири средни училишта во учебната 2023/24 година се запишале 3.596, а испишани се вкупно 29 ученици. Додека во основните училишта бројката е поголема и од вкупно запишани 9.296 ученици изнесува 102 испишани ученици. Овие податоци укажуваат на фактот дека трендот на иселување продолжува и во текот на оваа учебна година“, вели Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование во Оштината.

    Тој вели дека се испишуваат ученици од сите националности, бидејќи семејствата се преселени или се селат во западноевропските држави, а помал број одат и во другите градови во државата. Најголемо осипување има од поголемите училишта во градот.

    На крајот на минатата учебна година од кумановските училишта се отпишале 397 ученици, повеќе од дупло во однос на полугодието во таа 2022/23 кога си заминале околу 150.