×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 15 кубици смет изнесени од дивата депонија на „Киро Антевски“

    25.01.2020 13:05 | KumanovoNews

    Над 15 кубици смет собраа вработените од ЈП „Чистота и зеленило“, во акцијата за чистење на дивата депонија и тротоарите од натрпаниот смет на улиците „Бошко Буха“, „Киро Антевски“ и „Поток Серава“, во Куманово.

    Над 15 кубици смет изнесени од дивата депонија на „Киро Антевски“

    - Го исчистивме сметот од депонијата и тротоарите, за да можат граѓаните непречно да се движат. Истовремено на зелените површини т.н. островца засадивме нови зимзелени садници. Апелирам граѓаните да ја одржуваат хигиената и да го фрлаат ѓубрето каде што му е место, а истовремено и да не ги уништуваат садниците,- изјави Цветанка Ивановска, технички директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

    Денеска екипите на претпријатието ги чистеле тротоарите и коловозот на „Моша Пијаде“ и „Драган Стопаревиќ“.