×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 150 кумановци ќе заминат на аџилак

    24.09.2013 15:09 | KumanovoNews

     Деновиве околу 150 кумановци ќе заминат на аџилак во Мека во Саудиска Арабија.

    Над 150 кумановци ќе заминат на аџилак

    Муслиманските верници ќе заминат на 28 месецов и таму остануваат скоро месец дена. Граѓаните примиле вакцини како превентива од заразни болести пред да тргнат на аџилак.

    Ги примив вакцините и не се плашам, се подготвувам за аџилак. Очекувам се најдобро што тргнувам на тоа свето место - вели Реџепи Мемет.

    Од туристичките агенции објаснуваат дека оваа година за разлика од лани помал број на граѓани ќе одат на аџилак поради финансиски причини и војната во Сирија.

    Сега ќе одат од Македонија до Истанбул, па со авион од Истанбул до Аман во Јордан и од Јордан пак со автобус до Саудиска Арабија. Тие се подготвени, имаме надлежни од агенцијата кои ги придружуваат оџите кои одат натаму, знаат каде да се сместат во хотели, а има и медицински лица - рече Халит Халити од туристичка агенција која го организира превозот.

    Саудиска Арабија во јули годинава ги повика постарите лица и хронично болните муслимани да не одат на аџилак, во обид да се запре ширењето на вирусот МЕРС. Триесет и осум луѓе починаа од вирусот сличен на САРС во Саудиска Арабија за неполна година.